Каролина Гочева заштитно лице на „Кожувчанка“
12-03-2015 РЕГИОН

Една од најдобрите пејачки имиња  на музичката сцена, македонското девојче Каролина Гочева, официјално од денес е новото заштитно лице на кавадаречката компанија Кожувчанка.

На денешната прес конференција која се одржа во Клубот на новинари во Скопје, тие го потпишаа договорот  за заедничката соработка.

Одговорното лице за маркетинг од Кожувчанка, Ратко Мицев, посочи дека работата и кариерата на Каролина Гочева се содејствува со функционирањето на компаниата, а тоа се љубов кон работата, посветеноста и квалитетот. Тој најави и вклучување на Каролина во годинешните маркетинг активности и кампањи на Кожувчанка која оваа година прославува 20 години од нејзиното формирање.

Каролина задоволна од оваа соработка ги најави и идните планови на продукцијата Авалон во кои сега како поддршка ќе биде вклучена една од најбрзорастечките компании во државата. По размена на договорот за соработка се обрати и Генералниот директор на Кожувчанка, Митко Јанчев, кој за оваа нивна 20 годишнина најави и одбележување со нивните производи: природна вода Изворска, соковите Синалко и Синета, минералната вода Кожувчанка и новото пиво на Македонскиот пазар.

Додади коментар