КК „Урбан Инвест“ при на „Тетово опен 2014“
08-12-2014 СПОРТ

Нов голем успех на каратистите од карате клубот „Урбан Инвест“ на меѓународниот натпревар „Тетово опен 2014“. Натпреварувањето се одржа викендов во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово. Учествуваа 318 натпреварувачи од 37 клубови од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија.

 

Карате клубот „Урбан Инвест“  со освоени 13 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали се пласираше на првото место од 37 клубови.

 

Покрај пласманот на првото место по број на освоени медали, КК Урбан Инвест доби пехар за најбројна екипа на натпреварот.

 

 А.Д

Додади коментар