КК „Фени индустри“ дел од БИБЛ лигата
02-09-2016 СПОРТ

Балканското клупско натпреварување, БиБЛ лигата од наредната сезона наместо еден ќе брои дури четири македонски клубови. Откако Кожув одлучи да продолжи да се натпреварува во БИБЛ лигата, своето премиерно учество го потврдија Карпош Соколи, а пото Куманово го објави својот камбек. По стапките на македонскиот вицешампион зачекори и Фени Индустри кои повторно ќе заиграат во БИБЛ лигата, по четири години отсуство.

 

Трикратниот шампион во домашното македонско првенство (2008, 2009, 2011 година) беше првиот клуб кој се активира на кошаркарскиот пазар носејќи неколку засилувања во својот тим како и обновување на договорите, пред сè со кормиларот на кавадарчани, Љупчо Малинков.

 

Фени Индустри е првиот и засега единствениот македонски клуб кој ја освоил титулата во ова натпреварување. Во 2011 година, третата од своето учество во БИБЛ лигата кошаркарите на Фени Индустри ја освоија шампионската титула, а во 2009, 2010 и 2012 година стигнаа до полуфиналето.

 M.В

Додади коментар