Кожувчанка - Синалко спонзор на МЗТ Скопје
24-11-2015 СПОРТ

Започна  соработка помеѓу престижниот Кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром и Компанијата со традиција Кожувчанка која е ексклузивен производител и дистрибутер на Синалко во Македонија.

 

Оваа сезона МЗТ Скопје освен во домашната, ќе не’претставува и во АБА лигата, што за Синалко и Кожувчанка како брендови кои функционираат и надвор од државата е од големо значење.

 

“Горди сме на новата соработка на Кожувчанка со Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Одлуката на менаџментот од Германија, од каде што доаѓа брендот Синалко заедно со компанијата Кожувчанка е да бидеме спонзори на најтрофејниот клуб во Македонија последниве 5 години. МЗТ стана Македонски препознатлив бренд особено по учеството во АБА лигата и во иднина се надеваме дека ќе имаме повод заедно да се радуваме на успешните резултати и промовирање на Македонската кошарка”- истакна претставник од Компанијата Кожувчанка, Ратко Мицев.

 

Задоволство од постигнувањето договор со новиот партнер има и во таборот на Македонскиот шампион.

 

“Новиот спонзор ќе биде мотив повеќе за една се надевам подолга соработка, а ние ќе возвратиме со добри игри во завршницата на АБА лигата”- изјави Видоја Секуловски, директор на МЗТ Скопје Аеродром.

 

На Прес конференцијата присутни беа и кошаркарите Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац од редовите на МЗТ на кои oд „Кожувчанка“ им  посакаа успешна година на терен.

Додади коментар