Комуналец купи нова цистерна за одзатнување на канализации
10-09-2015 РЕГИОН

ЈП Комуналец Кавадарци набави сопствено возило, цистерна за одзатнување на канализации. Досега се користеше приватно возило за оваа активност. Денеска во кругот на Комуналец беше претставено новото возило. Директорот Илија Атанасов информира дека со набавка на уште две нови возила ќе го заокружат процесот на обнова на возниот парк.

„ Набавивме Канал џет – цистерна за одзатнување на канализации. Вредноста е околу 7 милиони денари. Ова е 18 возило по ред. До крајот на годината ќе набавиме уште две. Со тоа ќе го заокружиме процесот на комплетна обнова на возниот парк, односно би имале целоно нови возила, набавени за четири години“ рече Атанасов.

Градоначалникот Александар Панов нагласи дека ЈП Комуналец е во добра финансиска состојба и новите возила ги набавува со сопствени средства.

„ Почнавме пред неколку години со помош од локалната самоурпава, а сега ЈП само може да се амортизира и да си го обновува возниот парк. Навистина е пријатна глетката- уреден двор, набавена нова софистицирана опрема, нов возен парк, задоволни вработени. Оваа возило недостасуваше и ЈП трошеше пари за приватна ваква цистерна. Сега 90 отсто од работтие ќе се завршуваат со ова возило. Овие денови ќе пристигне и булдужер. Понатаму ќе планираме со директорот поволности за граѓаните бидејќи поголеми инвестиции од ваков тип нема да има. Се надевам дека ќе ги добиеме средства од КФВ банката за да го спроведиме проекот за прочистување на водата од системот Лукар “ рече Панов.

Старите возила кои веќе не се во функција на ЈП Комуналец се донираат.

А.Д



Додади коментар