Коста. С од Кавадарци е момчето кое е пронајдено утринава мртво кај „Прждевски споменик“

Дваесет и пет годишниот Коста. С од Кавадарци е момчето што утринава во 5.40 часот беше пронајдено мртво на патот Демир Капија – Неготино кај местото викано “Прждевски споменик“.

 

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска и додаде дека телото по наредба на јавен обвинител  е предадено на обдукција, по што ќе се знае вистинската причина за смртта.

 

Она што засега е неофицијално, Коста  вчера управувајќи мотот „Хонда“ изгубил контрола,излетал од коловозот и починал на самото место.

 

На социјалните мрежи вчера се споделуваше информацијата за неговото исчезнување. Според пишувањата на истите, Коста последен пат бил виден на собир со мотори, од каде заминал со моторот, по што му се губи трагата. Негови пријатели и блиски се организирале и го пребарувале теренот речиси 10 часа, по што момчето беше пронајдено починато.

 

А.Д

 

Додади коментар