Кражба во штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Тешка кражба е извршена ноќта на 3 спрема 4 февруари во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ „Љубаш“ во кавадарци. Информацијата ја потврдија и од полицијата.

„Во периодот од 21 до 6.45 часот со метален предмет е отворена влезната врата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ  на ул. Моша Пијаде од каде е украдено куќиште од компјутер“ рече портпаролот на СВР Велес , Анита Стојковска.

Таа рече дека случајот бил пријавен во кавадаречката полиција и увидна екипа извршила увид на местото на кражбата. Полицијата превзема мерки за расветлување на овој случај.

Од ОК на ВМРо-ДПМНЕ го осудуваат настанот и бараат да бидат откриени сторителите на оваа кражба.

Додади коментар