Кражби на грозје во кавадаречко, полицијата апелира на внимателност

Стартот на сезоната и екот на гроздоберот со себе ги донесоа и првите проблеми низ лозовите плантажи.Како по некое не пишано правило секоја гроздоберска сезона во кавадаречко изминува со по неколку случаи на  украдено грозје.Засилените конторли на Кавадаречката Полиција годинава го намалија проблемот детектирајќи ги навреме критичните реони односно плантажите кој согледувајќи ја статистиката од минатото најмногу се изложени на кражби.

 

На овој проблем и на сите останати за кој надлежна е Полицијата континуирано се работи со тековни активности и зачестени контроли, потврдува нашиот полициски извор од кој дознаваме дека неделава откриени се и расфетлени неколку кражби како на грозје, така и на парични средства, накит, велосипеди. Имено изминатата седмица ПС од ОН Кавадарци на излезот од Кавадарци кај Југо комерц при конторла на патничко возило кое превезувало околу 250 килограми грозје, открила дека станува збор за украдено грозје.Сомнежите Полицијата ги утрврдила по спроведениот распит со тројцата патници кои признале дека грозјето го украле од плантажите на АД Гоце Делчев.Тројцета осомничени признале дека ова не им е прва кражба туку истото го имале направено во неколку наврати.Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, а грозјето е вратено кај сопственикот потврдува нашиот полициски извор.

 

Покрај кражбите на грозје Полицијата периодов се соочува и со кражби сторени од сезонските работници кој периодот го поминуваат во Кавадарци.Во таа насока Полицијата упатува апел до граѓаните да бидат особено внимателни, да го заштитат својот имот и да не подлегнуваат на измамите од непознати лица.Викендот кој измина таков случај е регистриран во Општина Росоман кога сезонски работник од ромска националност влегол во приватен имот на жител од кој побарал дозвола да се напие вода и притоа доста умешно успеал да му го одземе паричникот.Оштетениот веднаш го пријавил случајот, а благодарение на брзата интервенција на кавадаречката Полиција крадецот е фатен, одземен му е паричникот со целата сума на пари која претходно била внатре и вратена е кај сопственикот, а против прекршителот е постапено согласно законските прописи.

 

Изминатата седмица полицијата регистрирала и кражби на велосипеди.Имено од таму велат дека украдени биле три велосипеди кој по детална истрага се пронајдени кај лица од ромска националност, одземени се, а против сторителите е поднесена соодветна пријава.При редовна контрола во сообраќајот кавадаречката полиција открила и наркотична дрога.Истата од полициските службеници е пронајдена кај лице кое управувало моторцикал под дејство на наркотици, одземена е и поднесена е соодветна пријава против прекршителот.Со стартот на септември се зачестуваат и засилуваат контролите.Сезоната на бербата на грозје со себе навлекува и неколку проблеми како што се кражбите затоа и граѓаните мора да се внимателни и навреме да реагираат.Месецов ги активира и училиштата, а со тоа и нашата соработка со истите. Заедничките проекти со училиштата, учениците и родителите.

 

Трибините и превентивните активности на тема, алкохол, дрога, деликвентно однесување, трговија со луѓе и се тоа во интерес на трите страни, а за правилен развој и насока на младите кој се нашата иднина велат од Полицијата.Од таму потенцираат дека во моментот се работи и на формирање на повеќе екипи од полициски службеници кои ќе ги има постојано низ централното подрачје и периферијата на градот за време на манифестацијата Тиквешки Гроздобер. Бројни ќе бидат акциите за време на манифестацијата за поголема заштита и безбедност. Она што особено е за поздравување периодов е податокот дека до денеска нема ниту еден случај на измама со огревно дрво како што тоа беше во минатото.Откако изминатата година беа регистрирани неколку случаи на ваква измама и по деталната истрага расфетлен случајот годинава за поздравување е состојбата до денес што значи успешна работа на Полицијата, но и поголема самозаштита од страна на граѓаните кои задолжително сезонава ги добиваат препораките од Полицијата.Ќе се работи постојано, на тековни, но и на активности кој полицијата ги работи во соработка со институциите и граѓаните.Контролите ќе ги има постојано бидејќи нашата задача е безбедноста, дециден е нашиот извор.

 

Милица Младенова

Додади коментар