Кривични пријави за крадците на 61 лап топ

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против В.П. (23) и М.Ѓ. (21) и двајцата од Велес, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

 

            Ноќта 06/07.09.2015 година осомничените со подесен алат ја отвориле влезната врата од ООУ Кирил и Методиј лоцирано на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, се качиле на горниот кат , со туркање ги отвориле вратите од две училници и одзеле 61 мини лап-топ компјутер и опрема за истите. Предметите ги сокриле во стан во Велес, и истите планирале да ги продадат.

 

            На ден 16.09.2015 година, по претходно добиени оперативни сознанија, од сега осомничените лица одземени се 61 мини лап-топ компјутер кои со Потврда се вратени на ООУ Кирил и Методиј - Велес.

            Осомничените и претходно се пријавувани за кривично против имотот.

 

Додади коментар