Летово кавадарчани се дружеле со книгата
10-09-2013 КУЛТУРА

Летото во Кавадарци поминало во дружба со книгата. Барем така вели статистиката на градската библиотека Феткин. Младите другарувале со лектирите и делата за обработка, а останатите читатели патувале низ страниците на слободната литература, белетристиката и саемските наслови.Според евиденцијата на оваа установа шпицот годинава е регистриран во јули и август.

Иако работата во библиотеката во летниот период функционира со една смена Феткин во двата месеци бележи дневно дури и по над 150 читатели. Од нив најбројни биле учениците како основци така средношколци кој ги читале лектирите, но активен бил и одделот за возрасни каде исто библиотеката забележала зголемена активност.Од септември повторно е воведено двосменското работење на библиотеката, но сега работата е нормална и без некој поголем интензитет, а учениците се тие кој по навика или обврска доаѓаат по лектира, потврдуваат од библиотеката.Кавадаречката библиотека ги има на располагање сите училишни лектири.Во тек е и набавката на оние кој од годинава се со промени, но за неколку дена и тие ќе им бидат достапни потврдува  директорката Трајанка Атанасова.

Во моментот во оваа установа активни се над 2000 читатели, а се работи на новини со кој библиотеката очекува пораст на оваа бројка. Феткин за многу брзо најавува нова литература и актуелни наслови, а веќе интензивно течат подготовките и за саемот кој традиционално и годинава градската библиотека ќе го отвори во Октомври.

Милица Младенова

Додади коментар