Македонија утре игра кошарка против Луксембург
30-08-2016 СПОРТ

Утре сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци со дуелот против Луксембург ке го отвори квалификациониот турнир за Европското првенство.

 

Скопските новинари веке создадоа доза на нетрпеливост кај сите со  плачките зошто овој циклус репрезентацијата ке го одигра во Кавадарци како домакин а не во Скопје. Тие прво потенцираат дека   „Црвено-жолтите“ се без ниту еден ден тренинг во салата каде ќе ги играме квалификациите за ЕП 2017. Но тоа не е проблем на кавадарчани туку на одговорните во Федерацијата и репрезентацијата. 

 

Понатаму скопските новинари потенцираат дека во својата историја македонската сениорска кошаркарска репрезентација во неколку наврати била во квалификациите. Но, ниту еднаш, барем тоа го потврдува историјата, не успеала да ги мине ако своите натпревари ги играла надвор од главниот град. Или поедноставно кажано, секогаш кога сме играле во Скопје, како во некое непишано правило, сме биле подобри од противниците во она што се нарекува квалификации. Но, тоа не е случајот кога раководниот тим на федерацијата одлучува во дадениот момент нашиот најдобар национален тим да игра надвор од Скопје. Така беше и во квалификациите за Евробаскетот во 2003 година кога тогашната кошаркарска федерација на Македонија по оној стартен успех во дуелот со БиХ, одигран во Скопје, се реши квалификациите да ги „премести“ во Охрид. Во салата „Билјанини извори“ тогаш ги загубивме двата клучни натпревари. Првиот против селекцијата на Германија (74:80), а потоа и оној против силната репрезентација на Хрватска. на 20 ноември 2002 година беше (93:85) во корист на „коцкестите“.  Пораз по кој не успеавме да отидеме повисоко од онаа трета позиција во групата, кој, за жал, не ја однесе Македонија на ЕП 2003 во Шведска.   Во меѓувреме, значи цели 14 години, Македонија беше неприкосновена на домашен терен, но во  оној период чиј ориентир е главниот град. Без оглед дали мечевите се играле во старата сала во „Јане Сандански“, или подоцна во „Градски парк“, или, пак, во СЦ „Борис Трајковски“, Македонија бележеше само позитивни резултати. И затоа одлуката на ова раководство на МКФ, да ги играме квалификациите во Кавадарци доаѓа во еден исклучително важен период, во кој место за каков било кикс нема. Кавадарчани сигурно ке ги бодрат со сите сили репрезентативците од трибините но заради ваквиот однос на скопските новинари нема да не зачуди ако салата утре биде и повеке од празна.

 Мики Виденовиќ

Додади коментар