Македонски ора и песни на Карловачки пиво фест
31-08-2013 КУЛТУРА

                    

Синоќа во Хрватска свечено беше отворен Карловачки пиво фест 2013 та. Со традиционалното карневалско дефиле почна три дневното славење по повод најголемиот фестивал во Хрватска. Дел од дефилето составено од голем број фолклорни ансамбли, мажуретки, жонглери, музичари и оркестарот на град Карловац беа и фолклористите од КУД Росоман од Росоман.Карневалското дефиле беше предводено од градоначалникот на Карловац кој во својот пајтон воден од коњаницата беше придружуван од македонската амбасадорка во Хрватска Даниела Караџозова.

За отворен Карловачкиот пиво фест го прогласи Дамир Илиќ градоначалник на Карловац, а пред бубликата свое обраќање имаше и амбасадорката на Македонија во Хрватска Даниела Караџозовска. На сцената беше повикан и градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов кој своето обраќање го искористи да се заблагодари за поканата и да ја искаже благодарноста и задоволството што токму КУД Росоман се почесни македонски гости и што ја имаат можноста да настапат први и официјално да го означат стартот на културниот ден од манифестацијата. Лазов во името на граѓаните од општина Росоман на градоначалникот Илиќ му подари сувенир со симболи на општината како и колекција од најдоброто македонско вино.По официјалните говори следуваше спектакуларен огномент, а по истиот и четириесет минутниот настап на КУД Росоман.

Сплетот од македонските ора повардарие, егејско и малешевско ја кренаа публиката во Карловац на нозе на која дополнителна комбинација за врв на расположението и беа македонските песни, македонско девојче, зајди зајди,јовано јованке изведени од оркестарот на КУД Росоман за да почестат со громогласен аплаус и извици за уште македонска музика и оро на сцена.Ова што ни се случи синоќа за време на нашиот настап беше најголемата награда за нас ни рекоа фолклористите од Росоман. Воодушевени сме од публиката која само ни даде мотив и во следните два дена да го дадеме најдоброто од себе. Ова значи дека КУД Росоман од Росоман и денеска ја продолжува работно својата едно неделна турнеја. Тоа значи дека до самиот крај и на турнејата и на Карловачки пиво фест фолклористите ги очекуваат уште два целовечерни концерти.

Милица Младенова

 

Додади коментар