Малолетник се затрул со апчиња

Тринаесетгодишно момче од Крива Паланка се бори за живот на клиниките во Скопје, откако претходно испило голема количина таблети, информираат од полицијата.

Детето било донесено на клиника вчера доцна попладнето, а во болницата во Крива Паланка било примено околу 16.20 часот.

Засега сe уште не се познати причините зошто малолетникот ги испил лековите.

Додади коментар