Медали за БК „Неготино“ на државно првенство
12-11-2014 СПОРТ

Седумчлената екипа на Боречкиот клуб „ Неготино“ од Неготино, на државното првенство во борење-слободен стил кое се одржа во спортската сала „ Никола Нехтенин“ во Штип, се закити и врати со четири медали. Во конкуренција од повеќе од 100 борачи од вкупно 10 боречки клубови од Македонија, БК „ Неготино “ освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во категориите од 49 до 85 килограми.

Тимот на БК „ Неготино “ го предводеше тренерот Јане Мелов а го сочинуваа 7 борачи и тоа: Христијан Петров (категорија до 47 кг.) без пласман, Филип Бамбур (категорија до 66 кг) без пласман, Усеин Мечов ( категорија до 73 кг) освоено 5 место, Ристе Недев ( категорија до 85 кг.) освоено 3 место, Иле Буровски ( категорија до 66 кг.) освоено 3 место, Јане Буровски ( категорија до 66 кг) освоено 2 место и Роберт Костовски ( категорија до 59 кг.) освоено 2 место.

Покрај БК „ Неготино “ од Неготино, на државното првенство во борење учество земаа уште 9 боречки клубови: домаќинот БК „ Балканец “ Штип, БК „ Бучим “ Радовиш, БК „ Лирија “ Скопје, БК „ 7 Мај Леов“ од Прилеп, БК „ Студеничани“ Студеничани, БК „ Борец “ Велес, БК „ Осоговски “ Крива Паланка и БК „ Спартак “ од Кочани.

Во екипна конкуренција БК „ Неготино“ го освои 4 место. Екипата на Лирија од Скопје беше најбројна, најспремна и освои најмногу медали и се најде на 1 место во екпина конкуренција. Веднаш по неа се најде и домаќинот БК „ Балканец“ од Штип а третото место го осбои БК „ Тефејус “ Чаир, Скопје.

На покана на БК „ Тефејус “ од Скопје, БК „ Неготино “ ќе учествува на турнирот во борење по пово празникот 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.

 Маја Алексовска

 

 

Додади коментар