Меморијален турнир „Никола Темов-Мускулот“ во Росоман
09-03-2015 СПОРТ

Општина Росоман и годинава по 21 ви пат успешно го организираше меморијалниот турнир во фудбал Никола Темов Мускулот. Вчера врнежливото време не беше пречка фудбалските екипи од општината да се откажат, туку напротив велат нивните капитени со задоволство одиграа уште еден меморијален турнир во сеќавање на Мускулот. Се играше на фудбалското игралиште во Росоман, по дожд но велат екипите со елан за да живее спортот. Турнирот е успешно организиран, а пехарите отидоа кај најдобрите вели

 

Добро е што се натпреваруваа екипи сите од општина Росоман. Тоа значи докажуваме дека спортот живее и се негува.Традицијата на турнирот продолжува и понатаму вети градоначалникот Стојанче Лазов.

 

Празникот на жената 8 ми март дамата претставник на Тиквешијата во републичкото собрание Весна Пемова го славеше заедно со посилниот пол бодрејќи ги натпреварувачите на турнирот.

 

Пехарите на најдобрите екипи вчера им ги доделија градоначалникот Лазов и пратеничката Пемова. Освен екипите признанија добија и поединци за нај млад играч на турнирот беше прогласен Кристијан Јованов од Трстеник, Лазар Мицев е најдобриот играч, најдобар голман е Љупчо Крстев, а Ристо Бошев е прогласен за најдобар стрелец. Турнирот во Росоман вчера го следеше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски. Посетата ја искористи и за обиколка низ повеќето населени места во општината и разговор со жителите.

 

Mилица Младенова

Додади коментар