Меѓународен натпревар во спортски риболов
20-10-2014 СПОРТ

Меѓународен натпревар во спортски риболов во пливка се одржа на брегот на Тиквешкото Езеро, кај Брушани.

 

На ова натпреварување кое се одржа по четврти пат учествуваа вкупно 70 натпреварувачи од Македонија, Србија, Косово и Бугарија. Натпреварот го организирше здружението на граѓани  љубители на спортскиот риболов „Оскар“ од Кавадарци.

 

Првото место го освои тимот од Косово, второто место екипата од Бугарија, а домаќините, риболовците од „Оскар“ Кавадарци беа трети.

А.Д

Додади коментар