Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф во посета на Кавадарци
06-11-2013 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Кавадарци денеска му ги претстави капацитетите со кои располага општината за нови инвестиции и отворање на нови погони на министерот за странски инвестиции Џери Наумов. Тој беше во Кавадарци токму со та цел, да се запознае со она што може општината да им го понуди на евентуалните инвеститори.

„ Посебно се фокусирав на браунфилд инвестициите односно на комплетното искористување на погоните и маркиците кои ги имаме во веќе псотоечките индустриски зони. Мораме да го рационализираме градежното земјиште. Нема повеќе да го кричиме земјоделското земјиште за негово претвоирање во градежно.  Ќе доставам до министерот целосна информација за состојбите во Кавадарци за да донесеме уште некоја инвестиција во Кавадарци“ рече Панов.

Министерот ќе направи обиколка во сите поголеми општини за да може да добие попрецизна слика за тоа што можат да им понудат македонските општини на странските инвеститори. Рече дека во неговиот фокус е привлекување не само на големи компании туку  и на мали до средни бизниси како движечка сила на општеството.

По средбата во општината министерот беше во посета на компанијата „Кожувчанка“

A.Д



Додади коментар