Министерот за транспорт и врски во посета на Неготино
17-01-2015 РЕГИОН

Околу илјада жители или околу 300 куќи во селото Тремник ќе можат да се поврзат на канализационата мрежа што општина Неготино ја изгради заедно со Министрството за транспорт и врски. Денеска овој проект и официјално го предадоа во функција минстерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалникот Ванчо Апостолов.

Јанакиевски нагласи дека со изградбата на фекалната канализзациона мрежа е решен мошне значаен проблем на овие жители, а најави и отпочнување на проект за решавање на водоснабдувањето во  селото Пепелиште.

Градоначлалникот на Неготино, Ванчо Апостолов е благодарен на Министерството за транспорт и врски  што помогна во реализација на овој проект.

Од името на жителите на Тремник се заблагодари претседателот на месната заедница, Петко Ристов,  кој нагласи дека со изградбата на канализационата мрежа се создаваат услови за развој на селото.

 

Посетата на Неготино минситерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски ја искористи и за доделување на решенија за легализација на дивоградби. Апелираше за поголема ефикасност при решавањето на предметите за легализација, а до неготинци  упати апел да го почитуваат крајниот рок за доставување на елаборатите кој истекува до крајот на оваа година.

Половина од поднесените барања за легализација се решени, рече градоначалникот Ванчо Апосотолов нагласувајќи дека службите и во наредниот период ќе продолжат да работат на решавање на сите поднесени барања.

 

На пригодна свеченост денеска министерот Јанакиевски и градоначалникот  Апостолов го предадоа во функција и  мултинаменското игралиште изградено во населбата саат кула. Проектот беше финасиски подржан од Агенцијата за млади и спорт и тежи седум милиони денари.

Јанакиевски рече дека владата посветува голема грижа за младите и правиелн нивни развој, а за таа цел се изградени бројни мултинаменски игралишта и спортски сали во земјава.

Мултинаменското игралиште во Неготино е ново место за спорт и рекреација на младите неготинци. Градоначалникот апелираше граѓаните да покажат поголема одговорност во чувањето на спортските реквизити.

 

Ангел Данов



Додади коментар