Мотоциклист загина на патот Велес-Штип

Четириесет и три годишниот  Зоранчо Ј. од  Лозово загина  во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Велес - Штип. Тој возел мотор кој се судрил со автобус на Струмица експрес во близина на Лозово.

На тешко повредениот моторциклист се обиделе да му помогнат возачи очевидци на несреќата.

Со автомобил го транспортирале до самиот влез на Велес каде го превзеле лекарите од брза помош и продолжиле да го транспортираат кон велешката болница.

Лекарите се обиделе да го реанимираат но не успеале во намерата бидејќи Зоранчо починал на патот до болница.

Додади коментар