Над 6.000 фирми треба да се пријават за е-даноци

Тримесечните ДДВ обврзници имаат уште еден месец да се регистрираат на е-Даноци, односно од 1 јули имаат законска обврска, наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат

Во соопштението од Управата се нагласува  дека за успешна регистрација и користење на интернет сервисот е-Даноци фирмите треба да поседуваат: Дигитален сертификат на USB токен, издаден од некоја од овластените куќи, интернет конекција, е-пошта, валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ.

Од УЈП апелираат даночните обврзници навреме да ги преземат неопходните чекори и да се прилагодат на новините во даночното работење, бидејќи во спротивно нема да бидат во состојба да поднесат даночни пријави и да пријават данок во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.

Додади коментар