Неготинец навредувал полицајци, куче каснало дете

Неготинец навредувал полицајци, лабрадор каснал дете во Кавадарци. Ова меѓеу другото се случувало викендов во Кавадарци, потврди денес портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.


-Синоќа околу 21.40 часот неготинец го нарушувал јавниот ред и мир. Била викната полиција а кога полицајците пристигнале биле навредувани и омаловажувани од лицето кое го нарушувало јавниот ред и мир. Ќе заработи соодветна пријава-рече Стојковска.
Нешто порано, во 19.30 часот во кавадаречката полиција било пријавено каснување од куче.

 

-Пријавата се однесува на држење на куче без заштитна маска. Имено, некаде околу 15.50 часот дете било каснато од лабрадор за десната потколеница кога поминувало по улица. Кучето излегло од дворот на куќата во која било чувано и се стрчало право кон детето по што го каснало-објасни портпаролката.
На територијата која ја покрива секторот за внатрешни работи Велес во саботата бил регистриран и физички напад во угостителски објект.


С.Д.

Додади коментар