Неисправна е водата од селските водоводи во росоманските села
23-08-2014 РЕГИОН

Регионалниот центар за управување со кризи Кавадарци согласно законските надлежности ги известува жителите на општина Росоман за неисправноста на водата за пиење. Врз основа на извршените анализи во месец јули и август годинава ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес ПЕ Кавадарци потврдува за неисправноста на водата за пиење.

 

Од центарот за јавно здравје потенцираат дека водата за пиење на локален водовот за селото Дебриште не е хигиенски исправна и не може да се користи за пиење поради присуство на бактеријата ешерикија коли. Од таму потврдуваат дека хигиенски не исправна и со присуство на истата бактерија е и водата за пиење од горна природна чешма во селото Камен Дол. Анализи се направени и на водата од локалниот водовод за село Камен Дол, но и тие покажале дека и тука водата не е хигиенски исправна и не може да се користи за пиење исто пораки присуство на бактеријата Ешерикија коли.На 15 ти овој месец центарот за јавно здравје земал мостри и од водата за пиење на локалн водовод за село Паликура, но и резултатите од тука покажале не хигиенски исправна вода која не смее да се користи за пиење бидејќи е со бактерија.

 

Според направените анализи ниту водата од локалниот водовод за село Сирково не е исправна за пиење, а неисправна и со бактерија ешерикија коли е и водата од природната чешма во село Сирково. Од центарот за јавно здравје информираат дека до надлежните структури упатени се препораки за асанација на објектите и околината, дезинфекција на водата, а до жителите се апелира задолжително превривање на водата пред нејзина употреба за пиење.  

 

Милица Младенова

Додади коментар