Нови успеси за учениците од музичкото училиште во Кавадарци
30-06-2014 КУЛТУРА

И во лето успесите на учениците од ОМБУ Лазо Мицев Рале Кавадарци продолжуваат. Овој месец го заокружуваат со учеството на повеќе натпревари.Интернационалниот натпревар за млади музичари “Охридски бисери“ кој се одржуваше традиционално во Катедралната црква Св. Софија – Охрид.Се натпреваруваа ученици по пијано од класата кај наст. Јелица Лазарова,Верица Ристова и  Зорица Јовчева и двете се вратија со освоена втора награда.На Инернационалниот натпревар за млади пијанисти Гевгелија учествуваа  ученици по пијано од класата кај наст. Весна Павлова.Лилјана Илиева и Петар Атанасов освоија прва награда, Стефанија Андонова - Втора и Ана Бањанска - трета награда.На Меѓународниот Арт фестивал Дојрана 2014 год. Учествуваа повеќе ученици од повеќе класи. Од Класа кларинет наст. Лазар Соколов

Горан Гинов освои прва награда,Мартин Орешков  втора,Никола Ѓорчев доби пофалница ,Александар Стојков - прва награда, Глигорчо Грозданов  трета и Драги Вчков исто трета.Од Класата пеење наст. Марта Ристова

 Кристина Димова ,Милка Велкова ,Емилија Грнева и Наталија Палитова добија пофалници, а во естрадно пеење Емилија Грнева освои трета награда.Во Класа по виолина наст. Ласко Атанасов,Ана Илова доби пофалница,Леонид Неде Гогогв - втора награда,Марија Ристовска - трета

Стефан Грујески  трета и Миа Мајсторчева - втора награда.Учествуваше и   Балетот под менторство на наст. Билјана Грозданова Ивановска и освоитрета награда.

 М.Младенова

Додади коментар