Нови успеси на каратисти од Кавадарци
10-05-2016 СПОРТ

Изминатиот викенд  во спортската сала во ОУ Наум Наумовски - Борче во Скопје, се одржа Меѓународниот натпревар Солидарност опен 2016 година.

На натпреварот учество земаа околу 419 натпреварувачи од 44 клубови.

 

Карате клубот Урбан Инвест со освоени 8 златни, 6 сребрени и 2 бронзени медали се рангираше на третото место во генералниот пласман.

Петар Аврамова со остварени 7 победи на натпреварот беше прогласен за најуспешен натреварувач во кати.

 

На овој натпревар учество зема и карате клубот „Тиквеш“ од Кавадарци. Овој клуб учествуваше со четворица натпреварувачи, од кои тројца се закитија со медали. Мартин Соколов, роден 2009 година во силна конкуренција со 19 натпреварувачи го освои второто место. Филип Велков роден 2004 година освои второ место и Андреј Ѓорчев роден 2007 година освои трето место.

Со овој турнир завршија клубските и државни првенства од првото полугодие.

 

А.Д

Додади коментар