Нов успех на каратистите од „Урбан Инвест“’
16-12-2013 СПОРТ

Во саботата  во Трбовлје, Словенија се одржа 41- Меѓународен натпревар Трбовлје опен 2013 година. На натпреварот учество земаа 536 натпреварувачи од 69 клубови од 14 држави: Македонија, Словенија, Хрватска, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Словачка, Украина, Грузија, Германија, Италија, Србија, Црна Гора

КК Урбан Инвест настапи со три натпреварувачи Моника Коцх, Петар Аврамов и Владанка Аврамова во повеќе категории.

Владанка Аврамова освои 3 златни медали: 10/11 години во ниво на појаси, 10/11 години во апсолутно ниво и 12/13 години во апсолутно ниво.

Петар Аврамов освои 3 златни медали: 8/9 години во ниво на појаси, 10/11 години во ниво на појаси и 8/9 години во апсолутно ниво.

Додади коментар