Ноќеска изгоре викендичка во Моклиште

Синоќа, околу полноќ пожарникарите од територијалната противпожарна единица Кавадарци  интервенираа на гасење на опожарена викендичка во Моклиште. Настрадани во пожарот нема, а се работи на утврдување на материјалната штета и причините за пожарот.

 

Според информациите од противпожарната единица, пожарникарите три часа се бореле со огнот. Две притивпожарни возила и тројца пожарникари го гаснеле пожарот, а на помош пристигнало и противпожарното возило на компанијата „Кожувчанка“ со тројца пожарникари.

 

Опожарената викендичка се наоѓала на тешко пристапен терен. Пожарникарите морале линијата за гасење да ја поставуваат на оддалеченост од над двеста метри, преку реката.

А.Д

 

Додади коментар