Обид за вооружен грабеж во Велес

  Денес околу 12,30час. на улица Алексо Демниевски во  близина на спортска сала „Гемиџии“ во Велес, две непознати лица со  закана со оружје извршиле разбојништво над вработени во „Перпетуум Мобиле“ кои со патнички автомобил вршеле достава на парични средства.

 

Сторителите ги земале кутиите во кои биле паричните средства, ги ставиле во нивниот патнички автомобил и се упатиле кон крстосницата- кон село Башино Село. 

 


        Полициски службеници веднаш излегоа на лице место, пронајдено е возилото со одземените кутии, по кратко лишени се од слобода две лица за кои постојат основи на сомнение дека се можните сторители - информираа од СВР Велес.

        Се работи на  целосно расветлување на случајот. 

Додади коментар