Одбележана 98 годишнината од раѓањето на Никола Минчев
02-11-2013 РЕГИОН

По повод 98 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, воен стратег, политичар или човек кој во животот ги имал највисоките функции што може да се добијат, Никола Минчев, денеска на спомен бистата во паркот на револуцијата во Кавадарци свежо цвеќе положи споругата на Минчев, Нада Минчева заедно со претставници на нивното семјество во присуство на директорот на Музеј Галерија Кавадарци, Петре Камчевски, претседателот на сојузот на борци и нивните подржувачи Наце Злтев, претседателот на здружението на пензионери Ристо Анѓушев.

Сопргата на Минчев искажа огромна благодарност што сеуште се почитува ликот и делото на нејзиниот сопруг кој секогаш работел со срце за својот град Кавадарци.

Минчев како министер за образование ја потпишува првата македонска азбука и правопис Имал многу функции во поранешна Југославија, ги имал сите најзналчајни и највисоки  функции што може да ги има еден човек. Сторил многу за Кавадарци, по негова иницијатива отворена е  ХЕЦ Тиквеш, ДИК Страшо Пинџур, а има значајна улога во формирање на комбинатот за феро никел Фени на кој беше и прв извршен директор.

По професија бил учител. Во НОВ се вклучува во 1941 година и во текот на војната бил член на МК на КПЈ за Кавадарци, командант на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ.

По ослободувањето Минчев е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија, член во парламентите на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија, претседател на македонската Влада и Народното собрание на Македонија од 23 септември 1968 г. до 6 мај 1974 г. во времето кога се создава повоениот Устав во чие креирање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.

А.Д



Додади коментар