Од полноќ бензините поскапи

Од полноќ бензините ќе се продаваат поскапо за 1 денар, а дизелот останува со иста цена.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи  новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 81,50 денари за литар. Се намалува цената на Мазутот и ќе чини 41,04 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 102,125 долариза барел и е за 1,18 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 47,7 денари за долар што е за 1,16 отсто повисок од курсот по кој беа формирани претходните цени.

 

Додади коментар