Од удар на гром опожарени куќи во Кавадарци
01-07-2015 РЕГИОН

Густ чад се креваше меѓу улиците „Раштани“ и „Питу Гули“ во Кавадарци. Опожарена е куќа, најверојатно  од удар на гром. Според неофицијланите информации пламените јазици се прошириле и на две соседни куќи.    Пожарот е локализиран. Интервенираа против пожарните екипи од Кавадарци, Неготино   и Фени индустри. 

 

 Последните  информации говорат дека нема  повредени од пожарот. Од полицијата потврдија дека пожарот е пријавен во 13.45 часот. Пожарот бил локализиран по макотрпно борење со огнената стихија. Според првичните информации целосно биле опожарени две куќи во кои живееле четири семејства и еден помошен објект

А.Д 

 

 

  



Додади коментар