Општината со апел да се отстранат непрописно паркираните возила
17-03-2018 РЕГИОН

 

Согласно одредбите од Законот за јавна чистота, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за зеленило, се известуваат граѓаните на општина Кавадарци да ги отстранат сите тешки товарни возила кои се непрописно паркирани на јавно - уредените површини најдоцна до среда 21 март годинава.

 

Оваа контрола ја спроведува Локалната самоуправа во соработка со ПС ОН Кавадарци.

 

По завршувањето на периодот за предупредување за непочитување на одредбите од горе споменатите закони ќе следуваат соодветни санкции.

Додади коментар