Останува забележан за Кавадарци и во работењето на општинскиот совет за безбедност во патниот сообраќај уште еден успешно реализиран зимски квиз натпревар од областа на сообраќајот. Истиот се одржа синоќа во домот на културата Иван Мазов Климе, а учество зедоа сите основни училишта од Кавадарци вклучувајќи ги и подрачните. По пет екипи во две полуфиналиња и во секое од нив по десет прашања добија и годинава екипите на училиштата повторно според правилата составени од тројца мешани ученици, како од висината на одделението така и според полот. Неизвесни полуфиналиња, дополнителни прашања и речиси минимална разлика во поените ги донесоа петте најуспешни до финалето.
Во клупите за финално натпреварување синоќа седнаа екипите на основните училиште, ТХТ, ТВП, ДАГ-К-ци,ДАГ-Ваташа и ОУ СП.По првиот круг на прашањата и по десетте одговори од игра излегоа натпреварувачите на ОУ Страшо Пинџур, а на третото место се пласираше екипата на ОУ ДАГ Ваташа, додека пак екипите на ОУ ДАГ К-ци и ТХТ останаа да се натпреваруваат со дополнителни прашања поради еднакво освоените бодови во првиот круг од финалето. Победникот го донесе само еден погрешен одговор но дури по вториот блок дополнителни прашања, можеби среќата, брзината или сепак знаењето беше пресудно, но за прв пат досега на овој квиз до првото место синоќа стигна екипата на ООУ Тоде Хаџи Тефов, што значи на второт место се пласираше екипата на ООУ ДАГ К-ци. Организаторот на натпреварот општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и годинава со подршка на локалната самоуправа, градоначалникот и неколку спонзори обезбедија награди за најдобрите три екипи и повторно велосипед за прво пласираното училиште.
За прв пат годинава советот обезбеди и медали за најдобрите, а скромни признанија им беа врачени и на менторите односно наставниците по техничко образование. Организаторот на зимскиот квиз натпревар од областа на сообраќајот признание за четири годишната континуирана соработка му додели на градоначалникот и Кожувчанка, а благодарници добија и соработниците Полициската станица Кавадарци како и неколкуте спонзори.
М.М

Додади коментар