Панов: „Градскиот стадион во Кавадарци не се распаѓа поради ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Панов“

Со писмена реакција на обвинувањата од младите на СДСМ Кавадарци  попладнево се огласи  градоначалникот, Александар Панов. Во писмената реакција се вели:

 

Млади момчиња од  Локалниот клуб на СДММ:,  -

Градскиот стадион во Кавадарци не се распаѓа поради ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Александар Панов.

Напротив Панов и ВМРО-ДПМНЕ интензивно работат стадионот во најскоро време да се врати најмалку во сотојбата во која беше пред25 години.

Но проблемот кај вас е што вие само сте слушале за тоа, без притоа да ги осознаете вистинските причини за пропаста на стадионот и фудбалот во Кавадарци.

 

А многу е лесно,

Прашајте ги вашите ментори, од првата генерација на СДСМ кои се декларираат како државотворци. Тие многу добро го знаат одговорот. Бидејќи токму Тие на почетокот на 90-те години од минатиот век го воведоа денешното општествено уредување кое се вика Капитализам.

Тогаш, ако не сте знаеле, беше спроведен процес на криминална приватизација и беа уништени претпријатијата од чии пари во претходниот систем се финансираа фудбалот и кавадаречкиот спорт и се одржуваше грдаскиот стадион. После тоа спортот неминовно беше осуден на пропаст.

 

Значи она што вашите повозрасни претсходници од СДСМ свесно го упропастиаја, Александар Панов и ВМРО-ДПМНЕ сега се обидуваат да го исправат. Процесот е бавен  и макотрпен, исто како што пред шест години Панов и општината успеаа да го превземат градскиот базен од бодигардите на СДСМ и да го вратат во владение на општината-граѓаните. Така лани го вративме и градскиот стадион.

 

Вие слободно прашајте Кој, Кога, Како и Зошто го преотстапи Градскиот фудбалски стадион на концесија. Вистината ќе ви биде болно сознание, кое повторно ќе ве доведе до вашите политички ментори. Наместо да торшите енергија во сеење магла и фрлање прашина во очи, потрошете малку енергија во убедување на вашите олигарси и транзициони богаташи да го превземат финансирањето на Фудбалот за сите да видиме бел ден. Александар Панов  тоа недвосмислено ќе го прифати во инерес на најубавата споредна работа на светот, која секаде е бизнис и пари, а вие се обидувате да ја свртите приказната наопаку и да го вратите системот во кој  се е сечие и ничие. Во светотот стадионите исто како и клубовите се сопственост на газди, а не на општините.

 

Колку за ваше просветлување: Александар Панов во минатите седум ипол  години мандат, ги возобнови меморијалот „Сестри Китеви“, фудбалскиот турнир „Вуко Каров“ и го заживеа „Општинскиот сојуз на спортови“ преку кој Советот на општината донира средства на спортските колективи од Кавадарци. Со негово залагање машкиот ракомет успеа да опстане, потоа се најде спонзор и за женската кошара. Најзначаен проект кој директно произлегува од надлежностите на Општината во спортот е ангажманот на дипломирани професори по физичко воспитување кои се вклучиа во образовните институции да се грижат за правилниот физички развој на децата.

 

Во 2009 година Општината и градоначалникот Александар Панов влегоа во проектот за обединување на кавадаречките бизнисмени и го создадоа ГФК „Тиквеш“. Тогаш „Тиквеш“ експресно влезе во втората лига блиску до бараж за прва и Беше полуфиналист на националниот куп како највисоко фудбалско достигнување во поновата историја.

 

Во ваа прилика апелирам до граѓаните и вистинскитељубителли на спортот, да имаат уште малку тпение бидејќи во тек е третиот тендер за изнаоѓање на најповолен понудувач за реконструкција на стадионот. Напретходните два кои завршија неуспешно, се јави само по еден пионудувач со енормно високи цени за кои надлежните стручни лица во Општината проценија дека имаат нереални понуду далеку од пазарната логика.

 

Се  надевам дека тековниот трет тендер ќе заврши успешно и стадионот ќе можеме да го реконструираме согласно правилата на Фудбалската федерација на Македонија за да може на него да се игра второлигашки фудбал

Додади коментар