Паралелка за кошарка во „Ѓорче Петров“

Осмооделенците кои сеуште размислуваат каде да го продолжат своето средно образование, а се талентирани за кошарка, од септември имаат можност да се запишат во кошаркарска паралелка. Со стартот на новата учебна година во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци започнува да функционира  кошаркарска паралелка од националната спортска академија. Во училиштето се е подготвен за успешен старт.

 

Се работи за  втора  ваква во Македонија, која е дел од образовниот систем. Во Скопје веќе успешно работи веќе три години.  

„ Секоја паралелка зависи од бројот на ученици кои ќе пројават интерес. Оние кои се школувале досега знаат дека се работи за еден вид на гимназиско образование кое што е го има во позадина предметот кошарка. Секој кој што има талент може да го надградува. Целта на владата е да се создават и професионални кадри по спорт, покрај правници економсиити, агрономи.  За краток период ќе имаме голем интрес за ова паралелека“ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и се надева дека интерес за продолжување на средното образование во оваа паралелка ќе покажат осмооделенци кои се талентирани  за кошарка од Кавадарци и градовите од регионот.

 

Паралелката ќе работи во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ бидејќи таму има најсоодветни просторни услови и нова спортска сала, велат од општината, а со ваквата понуда на училиштето се очекува да се зголеми и бројот на ученици, кој во последните години опаѓаше.

 

Општина Кавадарци ги охрабрува и повикува младите талентирани спортисти- кошаркари да се пријават на селективниот тренинг кој ќе се одржи во понеделник, со цел да ја исполнат својата спортска желба, да го исполнат кошаркарскиот сон и квалитетно да го продолжат своето образование во родниот град или регионот на Тиквешијата и Повардарието.

 Ангел Данов

Додади коментар