Петмина повредени во сообраќајка кај Фариш

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајната незгода што попладнево се случи на патот Градско-Прилеп кај селото Фариш. Според информации од полицијата дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила, едното со охридски регистарски ознаки, а другото со битолски.

Дел од повредените се пренесени на лекување на скопските клиники,а дел се задржани во кавадаречката болница.

Се работи на утврдување на причините за незгодата.Неофицијално, до несреќата дошло поради неприлагодена брзина спрема условите на патот.

А.Д

Додади коментар