Пешак прегазен кај Градско од неколку возила

Демир Папоски (51)  од Прилеп со привремено живеалиште во Велес го загубил животот синоќа на автопатот Градско-Скопје. Во него удрил несовесен возач кој наместо да му пруже помош побегнал од местото на несреќата.

Трагедијата да биде уште поголема врз мртвото тело на Демир поминале уште неколку возила кои сообраќале на овој патен правец. Поради мракот возачите не го забележале мртвото тело  и несреќниот пешак бил повеќе пати прегазен. 

Додади коментар