Полицијата фати крадци на дрва

Во текот на вчерашниот ден уште една успешна акција за заловување на лица кои се занимаваат со бесправна сеча или кражба на огревно дрво реализираше ПС од ОН Кавадарци. Имено за време на акцјата полициските службеници при контролата кај месноста Голеш Тиквешко Езеро успеале да приведат две лица од село Возарци кавадаречко од кои одземени се патнички автомобили во кои биле натоварени околу 2 метри кубни огревно дрво даб и една моторна пила. Одземените дрва дознаваме од Полицијата со потврда се предадени на шумската Полиција, а подоцна се оставени на чување заедно со запленетите патнички автомобили во дворот на Шумско стопанство подружница Бор Кавадараци, а против сторителите ќе следува соодветна пријава.

 

Инаку дознаваме од нашиот полициски извор за време на оваа акција полициските службеници успеале да фатат уште едно возило џип кое превезувало бесправно сечени огревни дрва, но при контролата лицето кое управувало со возилото го нападнало полицискиот службеник нанесувајќи му повреда и успеал да побегне кон шумата.По ова лице и денеска трага кавадаречката Полиција, а од таму потврдуваат дека истото и претходните две се познати сторители на ваков вид кривични дела кога станува збор за шумските кражби. За вчерашната акција деталите ги потврдува и потпаролот на СВР Велес Анита Стојковска која додава дека во изминатиот период на целата територија на секторот за внатрешни работи Велес редовно се спроведуваат контроли во врска со оваа проблематика и веќе има неколку случаи каде се одземени патнички автомобили и огревни дрва за што има процесуирано и поднесоци до надлежното обвинителство.

 

Истото го потврдува и кавадаречката Полиција од каде нашиот извор вели дека и во текот на минатата недела во два наврати затекнати се лица при бесправна сеча кои веќе заработиле соодветни пријави.Досега се запленети неколку кубни метри огревно дрво и повеќе возила со кои истите се превезувани.Тука не застануваме и во иднина ќе се вршат и спроведуваат контроли во врска со откривање шумски кражби.Ќе не има насекаде, а засилено ќе делуваме со цел сузбивање на оваа појава децидна е Полицијата.

 

М.М

 

Додади коментар