Поплочен крак од улицата „12 другари“
25-07-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци реализираше уште еден проект од комуналната изградба.

 

Согласно програмата со павер елементи беше поплочен крак од улицата „12 Другари“. Се работи за површина од 160м2, веднаш до службените простории на ФК „Габер“ во Ваташа.

 

Притоа за формирање на контурите на улицата се поставија и ивичници во должина од 30 метри - информираат од прес службата на општина Кавадарци.



Share

Додади коментар