ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДВЕ УЛИЦИ ВО ВАТАША - АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА „ПИОНЕРСКА“
26-06-2018 РЕГИОН

 

 

 

Реализацијата на програмата за комунално уредување се одвива непрекината. Оперативата на фирмата „АС -машини“ од Кавадарци реализира проект за поплочување на крак од улицата „12 Другари“ непосредно до фудбалското игралиште на ФК „Габер“.

 

Се поплочува површина од 200м2, а за оваа намена општината инвестира 315.000 денари.

 

Парите се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, сметка од програмата за комунална изградба. Поставувањето на бекатон коцки на оваа споредна улица во должина од 60 метри, општината го изведува како пристап до неколку индивидуални станбени објекти во овој дел на градот.

 

Градежната оператива на фирмата „Ас Машини“ од Кавадарци работи на поплочување на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа.

 

 

Станува збор за проект на општината Кавадарци со кој се полочуваат дополнителни 200м2 од оваа улица во селото. Општината за оваа намена издвојува 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

 

 

Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба реализира проект за подобрување на опфатеноста на градот со атмосферска канализација.

 

 

Фирмата „Стентон градба“ од Битола која е изведувач на работите започна со градежни активности за поставување нова атмосферска канализација на улицата „Пионерска“.

 

Се работи за целосно нова линија во должина од 265 метри на потегот од раскрсницата со улицата „Ресавска“ каде новата линија че се спои со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

 

За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

 

Со реализација на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот.

 

Додади коментар