По трет пат зелено знаме за ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ Кавадарци

По терт пат ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци  го понесе „Зеленото знаме“  и обезбеди  свое место меѓу останатите 21инаку надобри Еко училишта   во Македонија! На објавениот Конкурс за наградување од  Програмата „ Интеграција на екологијата во Македонскиот образовен систем“  оваа година Училиштето Тоде Хаџи Тефов –Кавадарци  е наградено со највисокиот сататус „Зелено знаме“.

Конкурсот  е во организација на Здружението за едукација, консалтинг  и комуникација - ОХО, а одлуката за наградување ја донесе комисија за наградување составена од членови на ОХО, член  на Министерството за образование и член на Швајцарската агенција за  развој.Официјално наградите беа доделени од Министерот за образование и наука Спиро Ристовски на петтиот по ред Еко-Самит кој се одржа вчера на 5 Март-2014 год. во ООУ „Лазо Ангеловски’ во Скопје.  Со доделувањето на наградата „3елено знаме “ училиштето докажа  дека се грижи за животната средина, води еко-политика, ги спроведува еко-стандардите и успешно ја имплементира Програмата Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем. Како Зелено-еко-училиште, училиштето доби и финансиска поддршка  од 1000 евра кои ќе ги потроши за  заштеда на електрична енергија и намалување на емисија на СО2 во воздухот.

„Сакаме доследно да ја оправдаме оваа награда и понатаму ќе продолжиме да работиме и реализираме еко-активности и Проекти за заштита на животната средина“.-ветуваат учениците, наставниците и целокупниот персонал во училиштето кои работат под раководство на  Еко-одборот чиј координатор е наставничката Соња Иловска , а претседател наставничката Мирослава Симоновиќ.Инаку на вчерашниот еко самит во редот на најдобрите еко училишта во Македонија застана и ООУ Гоце Делчев Кавадарци со исто освоено зелено знаме.Честитки и за двете училишта од кој секако ќе очекуваме позитивни еко резултати.

 М.М

 

Додади коментар