Првачињата од „Страшо Пинџур“ со неколку барања до градоначалникот
03-10-2016 РЕГИОН

Нови  клупи, спортска сала за настава по физичко кога ќе залади и средување на дупките во дворот на училиштето побараа денеска прво одделенците од ООУ „Страшо Пинџур “ Кавадарци од градоначалникот Александар Панов.

 

Тие ја посетија локалната самоуправа и разговараа со градоначалникот за неговите надлежности, но  децата секогаш се оригинални и си ги кажаа своите барања од првиот човек на општината.

 

„ Секогаш тематска единица на децата е запознавање

 со институциите. Една од институциите која најмногу сакат да ја видат и да се запознаат тоа е локалната самоуправа, да се запознаат со надлежностите, проблемите кои ги рашаваат градоначалникот, советот и администрацијата.  Јас секогаш се чувствувам убаво кога дечињата се мои гости“ рече градоначалникот и им даде ветување дека ќе добијат нови клупи во дворот, ќе се потполнат дупките во дворот на училиштето и надеж дека наскоро ќе се изгради и спортска сала во ова кавадаречко училиште.

 

A.Д

Додади коментар