Премиерата на „Викенд на мртовци“ ја воодушеви публиката
30-06-2016 КУЛТУРА

Смеење до солзи, силни аплаузи и овации. Ова беше дел од атмосферата на премиерата на театарската претстава „Викенд на мртовци“. Станува збор за заеднички проект на театарот при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ Кавадарци и Театарската група при домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

 

Актерите заеднички на сцена покажаа одлична глума и голема професионалност.

Прекините поради смеењето на публиката, аплаузите на отворена сцена и овациите од преполниот салон на крајот од долго очекуваната премиера само го потврдуваат статусот на хит претстава, но и оддаваат призниние за адаптацијата, одличната режијата на Милица Гочевска, изворедната изведба на театарската екипа во состав Снежана Карова, Милица Гочевска, Анита Младеновиќ, Видан Станоев, Љупчо Настов, Деан Атанасов, Димче Бањански, Коле Колев, Крсте Мелов, Александар Малинков, Владанка Недева, Валентина Ѓорѓиева, Томе Атанасов, Симона Богева и Кристина Сакалиева и секако, иако можеби е неблагодарно да се издвојува, но мора да се напомене новата маестрална игра на Диме Коцевски кој во улогата на другарот Тасе буквално го освојува гледалиштето, и го оддржува вниманието се до последната реплика.

 

Искуството вели дека ако премиерата била одлична, тогаш првите репризи ќе бидат вистинско уживање, особено кога ќе се изгуби тремата и притисокот кој го носи премиерното поставување, и ќе се добие потребната самодоверба, па затоа не пропуштајте ја веќе првата реприза која е закажана за денеска четврток, 30 јуни, со почеток од 20 часот.

Додади коментар