Премиера на „Последниот балкански вапмир“
18-07-2014 КУЛТУРА

             Љубителите на театарот конечно имаа можност да ја видат втората премиера оваа година на кавадаречкиот тетатар. По битовата драма „Бегалка“ кон крајот на јануари  овојпат жанровски многу поинакво театарско издание   „Последниот балкански вампир“ на авторот Дејан Дуковски која навистина не се препорачува за лица под 15 години .

 

Сериозен  ангажиран текст кој бара голем ангажман  а актерите на кавадаречкиот театар одлично го совладале  што      претставата се гледа речиси во еден здив.

 

Диме Коцевски овојпат во улогата на Курто  повторно блесна на сцената  покажувајќи се во едно поинакво светло  покажувајќи го  целиот свој талент и искуство на театарската сцена, додека одлично му парираше младиот Видан Станоев кој исто така на кавадаречката публика и е познат со многу добри актерски остарувања. Го издвојуваме и ликот на сопругата Катерина  кој го толкуваше Милица Гочева како  и не помалку важниот придонес на актерите Коле Колев, Валентина Ѓорѓиева  и Костадин Прокопов.

 

За режисерот Александар Малинков кој толкуваше и една од главните улоги овојпат  може да се потврди дека оставри успешен театарски производ потсетувајќи на една од основните улоги на театарот во историјата , да отвора прашања, дилеми , да посочува на вистината, на убавото и грдото, на доброто и злото ,  на можноста да се остане нормален наспроти изопаченоста на умот а сепак дда се почитува слободата на сопсвениот мислење  толкување и слободата на избор.

 

Мирјана Мукаетова

Додади коментар