Прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

ВЧЕРА  ПОКАЖАВТЕ ДЕКА ИМА РАЗЛИКА И ДЕКА ВИЕ ТОЧНО ЈА ПРЕПОЗНАВАТЕ

ОВАА ВАША ИЗРАЗЕНА ВОЉА ПОКАЖУВА КАКВИ ВРЕДНОСТИ ПОДРЖУВАТЕ, ДЕКА ПОДРЖУВАТЕ ТРУД, РАБОТА, ОДГОВОРНОСТ, ЧЕСНОСТ

САКАМЕ ДА ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ ЗА ВАШАТА ОГРОМНА ПОДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО ДПМНЕ, СЕГАШЕН И ИДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ЃОРГЕ ИВАНОВ

БЛАГОДАРНОСТ И ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ ВЧЕРА ГЛАСАА ЗА БИЛО КОЈ КАНДИДАТ И ОВОЗМОЖИЈА УСПЕШЕН ИЗБОРЕН ДЕН ЗА КАВАДАРЦИ

ВЧЕРА, ИМАВМЕ СЛОБОДНИ, ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

А СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА ВО КАВАДАРЦИ:

КАНДИДАТОТ НА ВМРО ДПМНЕ ЃОРГЕ ИВАНОВ ИМА 12.282 ГЛАСА ИЛИ ЗА НЕГО ПОДРШКАТА ЈА ДАЛЕ 54,13 % ОД ГРАЃАНИТЕ

ЗА КАНДИДАТОТ НА СДСМ ГЛАСАЛЕ 35,28 % ИЛИ 8005 ГРАЃАНИ

ЗА КАНИДАТОТ НА ГРОМ ЗОРАН ПОПОВСКИ СВОЈОТ ГЛАС ГО ДАЛЕ 1800 ГРАЃАНИ ИЛИ 7,93 % ОД ГЛАСАЧИТЕ

И ЗА КАНДИДАТОТ НА ДПА ИЉАЗ ХАЛИМИ ГЛАСАЛЕ 0,36 ПРОЦЕНТИ ИЛИ 82 ГРАЃАНИ

ОВА ЗНАЧИ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ ВО КАВАДАРЦИ, НО И ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ИЗБРАА КОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА РАБОТИ ЗА НИВНАТА ИДНИНА

ВЕ ПОВИКУВАМЕ НА 27 АПРИЛ, ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ОДЛУЧУВАМЕ НИЕ ГРАЃАНИТЕ

НАШАТА ЦЕЛ Е, КАКО ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ТАКА И ЗА ДОБИВАЊЕ НА 62 МЕСТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА ВМРО ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТА ПОБЕДАТА, ЗАТОА ШТО ОВАА ПОБЕДА Е НАША, НА ГРАЃАНИТЕ КАВАДАРЦИ И НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(интегрален текст од прес конференцијата на претседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Горица Пеливанова Вилхелм)

Додади коментар