Прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци 06.12.2013

 Почитувани кавадарчани,Веќе подолг временски период сите ние сме сведоци на една општа декадентност во нашето општество. Никакви реклами ниту пак пропаганди не можат да ја сменат таквата состојба ниту пак можат да не убедат во спротивното бидејќи после се, сите знаеме што гледаме кога ќе го отвориме фриждерот и сите знаеме како успеваме да го крпиме месецот за да опстанеме.

Состојбите како во нашата општина така и во нашата држава, не се лесни. Тука не постојат никакви волшебни формули кои преку ноќ ќе направат пресврт, но затоа постојат разумни и домаќински решенија за најгорливите проблеми со кои се соочува секој од нас.

Сите ние бараме подобра иднина, бараме перспектива, бараме да се раскрсти со моќниците кои владеат и кои сакаат да контролираат се, економијата, медиумите.. па и нашите животи. Ние немаме дилеми, се бориме за стабилна држава, земја на слободни граѓани и растечка економија.  Нашите основни постулати се слободата, еднаквоста и солидарноста, и токму на овие вредности се заснова и Програмата на Социјалдемократскиот сојуз која произлегува од реалните проблеми на кои укажуваат граѓаните.

Сакам да се обратам до сите членови на СДСМ, сите подржувачи, симпатизери, пријатели на партијата, а најмногу до сите оние кои без разлика на својата политичка определба имаат желба да учествуваат во креирањето на решенија за проблемите кои не тиштат, Ве поканувам да присуствувате на промотивната трибина на Програмата на СДСМ, која ќе се одржи во сабота, 07.12.2013г во Домот на културата во 19 часот, каде гостин ќе биде заменик-претседателот на СДСМ, г-ѓа Радмила Шеќиринска.

Исто така, сакам да Ве известам дека во 14 часот предвидена е средба со граѓаните на градскиот плоштад, и Ве покануваме да присуствувате на истата. 

Почитувани, ние од СДСМ сме длабоко уверени дека времето на скапо платени реклами и натпревар на лаги и нереални ветувања заврши. Токму затоа, Ве повикуваме заеднички да пристапиме кон идеи и концепти, да разгледаме реални проекти кои ќе го подобрат животот на работниците, земјоделците, младите, кои ќе обезбедат заштита на правата на жената како и една здрава социјализација за сите категории на граѓани.

(интегрален текст од прес конференцијата на претседателот на ОО на СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев)

Додади коментар