Прес конференција на ОО СДСМ Кавадарци 28.03.2014

Наша прва и најважна задача е Македонија да се врати на нормален колосек. Македонија да биде демократска,а не автократска. Професорот Стево Пендаровски упатува повик до вас почитувани сограѓани да се здружиме и да ја вратиме моќта онаму каде што што припаѓа – кај Граѓанинот.

Стево Пендаровски како претседател ќе ги решава проблемите. Поделбите кои ги живееме денес,и политиките кои овие поделби ги потикнуваат се најголемиот непријател на иднината на Македонија. Затоа Стево Пендаровски ќе ги обединува,а политиката на делби ќе ја прекине веднаш по превземањето на функцијата.

Стево Пендаровски ќе ги остварува стратешките цели на земјата. Лицемерната политика на власта дење да биде за влез во ЕУ и НАТО а ноќе да шири евроскептицизам ќе биде целосно прекината со изборот на Стево Пендаровски. Со својот углед но и со досегашните негови пријателства, Стево Пендаровски како претседател на сите граѓани ќе го подобри меѓународниот углед на земјата.

Почитувани сограѓани

Не постои праведна држава без демократија и владеење на правото. Полицијата,правосудството треба да обезбеди правда,а не да сее страв меѓу неистомислениците. Претседателот Стево Пендаровски ќе биде столб на мирот и стабилоноста на земјата. Почитувани Кавадарчани Ве повикувам да ни се придружите. Стево Пендаровски е човек кој ја заслужува нашата доверба, рече на прес конференцијата Бетијан Китев, кандидат за пратеник на СДСМ од Кавадарци.

Додади коментар