Претставата „Беше еднаш во мај“ премиерно пред неготинската публика
27-11-2014 КУЛТУРА

Народната установа Центар за култура „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино заедно во соработка со Министерството за култура на Република Македонија изминатиот период организираат низа култуни настани.

Театарскта претстава „ Беше еднаш во Мај “ а во изведба на аматерскиот театар „ Ацо Ѓорчев “ од Неготино, утре на 28 Ноември ќе биде премиерно претставена пред неготинската публика.

Претставата е во режија на Павле Трпков, а улогите ќе ги толкуваат : Данче Стоева, Ѓоке Ташулов, Трајче Трајков, Ќире Трпков, Стефан Димитрушев.

Центарот за култура Ацо Ѓорчев ги поканува сите заинтересирани граѓани, утре со почеток од 19 часот да дојдат и да уживаат во претставата.

Инаку, во рамки на проектите на Министерството за култура и Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ изминатата недела во фоајето на Центарот за култура беа прикажани ликовни изложби на слики од Лесновската колонија- Пробиштип и слики од Детската ликовна колонија од Кратово.

За следниот понеделник, 1 декември, со почеток од 19:30 часот, Центарот за култура ја најавува урнебесната комедија „Споменик на Мајкл Џексон“ на режисерот Дарко Лунгулов копродукциски филм на Србија, Германија, Македонија и Хрватска со кој на 13 ноември во киното „Милениум“ беше отворено 13 издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Маја Алексовска

 

 

Додади коментар