Продадени парцелите за изградба на фабрики во „Караслари“
22-08-2014 РЕГИОН

ЕДНА СТРАНСКА И ПЕТ ДОМАШНИ КОМПАНИИ ЌЕ ГРАДАТ ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „КАРАСЛАРИ“ КАЈ ВЕЛЕС.. СЕ ПРОДАДОА ПАРЦЕЛИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ФАБРИКИ СО ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА.. ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ПРОДАВАШЕ ШЕСТ ЛОКАЦИИ ЗА МАЛО СТОПАНСТВО ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА КАДЕ ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА ГЕРМАНСКИ МАРКАРДТ. ИНАКУ СЕ УШТЕ НЕ СЕ ОТКРИВААТ ИМИЊАТА НА КОМПАНИИТЕ КОИ ГИ КУПИЈА ПАРЦЕЛИТЕ.. 

 

СЕ ПРОДАВАА ШЕСТ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ СО ПОВРШИНА ОД ЧЕТИРИ ДО 30 ИЛЈАДИ МЕТРИ КВАДРАТНИ.. ПОЧЕТНАТА ЦЕНА ИЗНЕСУВАШЕ ЕДНО ЕВРО ЗА КВАДРАТЕН МЕТАР..

ИНАКУ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА ВЕЛЕС ПЛАНИРА ИЗГРАДБА И НА НОВА ИНДУСТРИСКА ЗОНА.. СПОРЕД ПОВРШИНАТА НА КОЈА ПРЕДВИДУВА ДА СЕ ПРОТЕГА, ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМА ПОКРАЈ ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКИТЕ.. ЌЕ СЕ НАОЃА КАЈ СЕЛОТО МАМУТЧЕВО НА ПАТОТ ВЕЛЕС ШТИП СО ПОВРШИНА ОД НАД 40 ХЕКТАРИ..

Зоран Јаневски

 

Додади коментар