Продолжуваат ископувањата на археолошкиот локалитет К’ртозов рид во близина на селото Дреново.
09-05-2014 КУЛТУРА

Дека се работи за значаен археолошки локалитет во областа на актуелните археолошки истражувања на територијата на Република Македонија се потврдува и со подотокот дека веќе петта година продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот К’ртозов рид во близина на селото Дреново.

 

Последните истражувања со откривањето на ранохристијанска базилика која датира од крајот на 5 и почетокот на 6 век кога беа отворени периметралните ѕидови, влезото-солеа, најсветиот дел во црквата презвитериумот, апсидата и останатите помошни простории каде беше откриена када со одводи наговестуваат да очекуваме уште повеќе нови историски вистини преку археолошките предмети откриени на овој локалитет ни изјави  раководителот на проектот виш кустос археолог Весна Ѓорѓиева која од самиот почеток е вклучена во овој проект.

Во археолошките истражувања кои треба да траат до 7 и 8 јуни покрај вработените од Музеј-галерија во Кавадарци вклучени се и нивни колеги од Музејот на град Неготино и учениците од гимназијата „Добри Даскалов“  за кои овие истражувања имаа едукативен карактер.  Да потсетиме дека проектот за археолошките истражувања на локалитето К’ртозов рид го финансира Министерството за култура на Република Македонија.

М.Мукаетова

Додади коментар