Продолжува интензивната комунална изградба во Кавадарци
22-07-2019 РЕГИОН

Во тек е изградба на нов кружен тек кај Винарска визба Тиквеш , интензивно се работи и на проширување на патот , изведувач е Градба Промет . Исто така по завршувањето на кружниот тек ќе се постави и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација .

 

По веќе отпочнати градежни работи на ул."Тиквешко востание", се работи интензивно на проширување на улицата, а воедно се завршува и поплочување на тротоарот.

 

Од страна на Општина Кавадарци е побарано повторно интервенирање од страна на фирмата која пред неколку дена заврши со асфалтирање на ул.Браќа Хаџи-Тефови и ул.Рајна Соколова .

Фирмата ќе ја повтори целата постапка без финансиски надомест од општината -  информираат од локалната самоуправа.

Додади коментар